Стил // Стил на денот
Стил на денот: Марјана Станојковска во бунда за викенд доминација
Познатата ТВ водителка и лото девојка, Марјана Станојковска уште еднаш воодушеви со изборот на модна комбинација.
Имено, таа како идеја за претстојните денови од зимава презентираше комбинација во која апсолутно секоја девојка ќе издоминира.
Краткиот фустан во пастелна нијанса во комбинација со долгата бунда совршено ги вклопи со црните детали. Имено, високите црни чизми на високи потпетици, беретката во француски стил, но и црната чанта, оваа комбинација ја кренаа на едно повисоко ниво.