Стил на денот: Меган Маркл во панталони кои додаваат сантиметри и камуфлираат недостатоци

Добивај вести на Viber

фото:Profimedia

Меган Маркл за помалку од 24 часа се претстави во две модерно беспрекорни изданија. Прво во црвено на синоќешниот Самит на млади лидери во Манчестер, а потоа на „Непобедливите игри“ во Дизелдорф.

Меган Маркл на традиционалниот спортски настан дојде со својот сопруг принцот Хари, кој е покровител на оваа манифестација.

Се уште се сумираат впечатоците за нејзиниот вчерашен стајлинг. Во прашање беа кошула и панталони во едноставен крој од модниот бренд „Валентино“. 

Меган Маркл во огнено црвен комплет за првпат им се обрати на британците, две години по „Мегзит“: Тие броеја - „54 пати рече јас, јас, јас“

Кога станува збор за стилот, американската актерка и поранешен висок член на британскиот двор речиси и не греши. Но, деновиве се врати во своите најдобри денови. 

фото:Profimedia

Зад нејзиното бело и беж издание стојат следните брендови: Зад блузата стои Анин Бинг, а зад панталоните е американскиот моден дизајнер Брендон Максвел.

Блузата припаѓа на последната колекција, додека цената на панталоните е позната и изнесува 1.020 фунти или околу 1.200 евра.

Меган Маркл носеше и часовник од Картие кој и припаѓаше на принцезата Дијана. Не случајно затоа што Лејди Ди беше погребана на вчерашен ден пред 25 години.