Стил на денот: Моника Белучи во единствените панталони кои можете да ги носите секогаш и секаде
фото:MARECHAL AURORE/ABACA / ABACA PRESS / PROFIMEDIA
Моника Белучи се појави на 79. Филмски фестивал во Венеција, на промоција на филмот „Сицита“.
Познатата Моника Белучи присуствуваше на филмскиот фестивал во Венеција, а најубавата жена на светот избра многу лежерна комбинација и секако ја претстави на најелегантен можен начин.
Убавата Италијанка им позираше на фотографите во за неа несекојдневно издание, ако се потсетиме на нејзините претходни појавувања. Моника често е во забележителни креации, па елегантни панталони и блуза речиси никој не очекуваше.
фото:MARECHAL AURORE/ABACA / ABACA PRESS / PROFIMEDIA
Црните панталони ги усогласи со високи сандали, а блуза со шарен принт ја зачини целата комбинација. И додека сите гледаа како изгледа, таа позираше насмеана, без многу шминка и со препознатлива фризура.
фото:MARECHAL AURORE/ABACA / ABACA PRESS / PROFIMEDIA
Нејзин заштитен знак во последните неколку појавувања се очилата за сонце, кои и сега беа неизбежни, а со оглед на тоа што актерката е противник на какви било естетски корекции, невозможно е да не се забележи колку добро и освежено изгледа.
Моделот на панталони што ги носи познатата актерка можете да го најдете насекаде, тие се многу модерни, а во нив секогаш ќе изгледате елегантно, пристојно и стилски.
извор:GLOSSY