Стил на денот: Моника Белучи во „забранета комбинација на бои“ која дава луксузен и префинет изглед

Добивај вести на Viber

Фото: profimedia

Италијанската актерка последниве години исклучиво носи парчиња во црна боја, а исклучително ретки се ситуациите кога прави исклучок од своето модно правило. Но, во Венеција реши дискретно да го покаже својот стил.

Имено, убавата 57-годишна дама се појави во класичен црн костум, но со него искомбинира лесна, софистицирана кошула во кафена боја, чии први копчиња лежерно ги откопча.


Кафеавата и црната одамна се сметаа за „забранета“ комбинација на бои, а жените во голема мера ја избегнуваа, а во последните години таквата комбинација стана дури и пожелна. Овие две бои може да изгледаат многу добро заедно, и да дадат луксузен, префинет изглед, но важно е да се грижите за нијансите на кафена боја и материјалите да се вклопуваат заедно.

Оваа кошула и костум Моника ги комплетираше со црни кожени обувки со огромна платформа и дискретни обетки и црни очила за сонце.

Извор: zena.blic.rs