Стил // Стил на денот
Стил на денот: Ноне Неделковска со совршен летен изглед во најтренди бојата за ова лето + одличен моден додаток за жешките денови
Ноне Неделковска има супер едноставен, а сепак впечатлив стил. Денес таа нѐ инспирира со еден совршен летен изглед кој може многу лесно да го ископирате.
Имено станува збор за маичка во зелена или најтренди бојата за ова лето, искомбинирана со цветно здолниште, бели патики и бела чанта.
Изгледот е надополнет со одличен моден додаток за жешките летни денови- шешир со зелени детали.