Стил на денот: Принцезата Шарлин во ретро Луј Витон фустан ги освои сите-зелено за полн погодок
Познатата принцеза Шарлин има исклучителен вкус за мода, а фустанот што неодамна го носеше е маѓепснички.
Принцезата од Монако, Шарлин и нејзиниот сопруг принцот Алберт Втори вчера ја прославија 11-годишнината од бракот.
По тој повод, парот на својот официјален Инстаграм профил објави заедничка фотографија на која се држат за рака, а она што го привлече вниманието на сите е прекрасниот фустан кој го носеше принцезата.
Имено, таа носеше долг зелен фустан кој имаше плисирани делови на колковите. Овие детали ја истакнаа нејзината витка линија и направија фустанот да изгледа модерно, а сепак ретро.
Покрај фустанот принцезата имаше само мало дискретно ланче и кристални обетки кои на целата комбинација и даваа белег на елеганција и шарм.
Фотографијата беше придружена со опис:
- Среќна годишнина.
И додека некои следбеници му честитаа на парот за годините поминати заедно, други со неверување коментираа дека двајцата се држат за рака, со оглед на тоа што медиумите многупати пишуваа дека тие всушност не се заедно и дека само формално се појавуваат на настани.
- Леле, се допираат? Тој брак е навистина вистински кошмар – гласи еден од коментарите.
фото: Инстаграм