Стил на денот: Сандалите кои Нина Бадриќ ги носи најмалку 5 години, ги издолжуваат нозете и зрачат со елеганција
Популарната пејачка Нина Бадриќ не штеди кога е модата во прашање, а нејзиниот стил е многу елегантен и истовремено практичен, па не е чудно што пронашла вакви сандали и со години не се откажува од нив.
Нина може да се пофали со облека и обувки од најпрестижните светски брендови, но и со артикли потпишани од регионални дизајнери, а не е невообичаено да облече нешто и по неколку пати, доколку ја воодушевило.
Ова се стилските сандали на британската дизајнерка Софија Вебстер, во кои хрватската пејачка е заљубена. Станува збор за моделот „Raye“, во „rose gold“ нијанса, со платформа и потпетици високи 13,5 сантиметри, кои обезбедуваат стабилност бидејќи се подебели.
Едноставните и многу шик сандали имаат по еден златен ремен околу глуждот, машна позади и се резервирани за најсвечените пригоди, а Нина овој пат ги искомбинира со сако-фустан во ефективна жолта боја.
Сепак, тие можат да ги носат на различни начини, како што пејачката покажа кога ги облече за прв пат - во 2017-та година. Тогаш ги искомбинира со интересен модел на црн фустан со миди должина.
Овој шик модел е совршен ако сакате да додадете неколку сантиметри на вашата фигура, како и ако сакате визуелно да ги издолжите нозете, а како што покажа Нина, тие можат да се комбинираат и со пократко и со миди здолниште.
Извор: glossy.espreso.co.rs