Стил // Стил на денот
Стил на денот: Северина едноставна, а секси
Популарната хрватска пејачка Северина е нашиот избор за стил на денот. Нејзината опуштена, но тренди комбинација со парчиња од луксузниот француски бренд „Balmain“ е навистина со вкус.
Црна маичка, искомбинирана со црнобело кратко здолниште и трендовските хулахопки со точки, а стајлингот е заокружен со црните лакувани салонки. Комбинација која е едноставна, а секси.