Стил на денот: Северина ја има најтренди јакната на сезоната + фустан кој оди со сѐ
Стилот на Северина дефинитивно важи за еден од најдобрите на регионалната јавна сцена, а згодната пејачка секогаш има свои трикови како да го подигне обичниот аутфит на уште повисоко ниво.
„Уличен стил“ комбинациите на хрватската поп ѕвезда Северина Вучковиќ секогаш се вистинска инспирација за жените од сите возрасти и различни модни вкусови!
Убавата пејачка често на Инстаграм презентира забавни, тренди и носливи комбинации, кои лесно можат да се вклопат од различни парчиња облека кои веќе ги имаме во нашата гардероба.
Севе овој пат отпатува за Сараево, па низ познатата Скендерија прошета во облека што мами погледи!
Основата на нејзиниот стајлинг беше секси и практичен црн фустан, миди-должина, изработен од зимски материјал и со шлиц одзади. Така таа дискретно ги истакна своите нозе, но и го покажа совршеното модно парче за есен и зима. Овој фустан е феноменален избор за секаков тип на женска фигура, бидејќи поради неговата растегливост може да одговара и кога се носи XS и кога се носи XL.
Друга добра страна на овој модел е тоа што одлично оди со високи потпетици, дури и со патики, но и со длабоки чизми и рамни модели.Трендовските чизми до глуждовите на Северина одлично се совпаѓаат со овој фустан!
Целиот аутфит го подигна на уште повисоко ниво со супер тренди кожна јакна со крзно, која моментално важи за едно од најпосакуваните парчиња сезонава! Нејзината јакна е малку предимензионирана, потпишана од брендот Jalize Couture и ја прави да изгледа шик и урбано без многу труд…
Инаку, еден од најголемите трендови оваа зима се јакните од овча волна или нејзини имитации и гарантираат топлина, удобност и феноменален изглед. Не само јакните, туку и сличните елеци и палта се полн погодок!