Стил на денот: Тамара Калиниќ во најубавиот кошула-фустан кој досега сте го виделе!

Добивај вести на Viber

Српскaта инфлуенсерка претстави едноставен аутфит кој зрачи со елеганција

Популарната инфлуенсерка Тамара Калиниќ е една од најуспешните жени во овој бизнис, и тоа на глобално ниво!

Српската трендсетерка со адреса во Париз го обиколува светот, го зазема првото место на најпрестижните модни ревии и секојдневно ги воодушевува модните познавачи со своите модни комбинации, а бројот на нејзините обожаватели рапидно расте.

View this post on Instagram

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara)


Стилот на Тамара е совршена комбинација на класици со најактуелните трендови, а таква е и најновата креација која инфлуенсерката ја прикажа на Инстаграм.

Имено, таа сподели видео во кое ја гледаме како ужива на балконот со поглед кон морето во прекрасен мини фустан со потпис на модната куќа Валентино. Станува збор за тоалета Cady Coutur и чиј дизајн наликува на класична јакна-фустан, но и на пончо.

Тоа е всушност парче кое се прицврстува на грбот, направено од свила, а ракавите завршуваат со ефективни пердуви од ној. Овој детаљ е еден од безвременските мотиви на елегантната облека, кој холивудските диви како Џин Харлоу го воведоа во светот на модата, а на секоја облека и дава белег на елеганција.


foto: Instagram