Стил // Стил на денот
Стил на денот: Урбан четврток во маслинесто зелена боја
Да бидете урбана „street style“ девојка не е воопшто тешко. Треба умешно да искомбинирате едноставни парчиња и бои и да добиете изглед во кој се чувствувате и изгледате опуштено.
Овојпат тоа е комбинација во која доминира маслинесто зелената боја- „оversized“ јакната и краткото џемперче под кое има бела кошула. Црните панталони за кои многупати сме напоменале дека се вечен класик што мора да го имате во Вашиот гардеробер. На сето ова како моден додаток кој е еден од водечките трендови сезонава- беретка.
Многу е важно што кафените чизми се извојуваат и навистина изгледаат модерно и вклопено во оваа кежуал урбана комбинација.