Стил // Стил на денот
Стил на денот: Вечерниот стајлинг на Џесика Алба во најпосакуваните фармерки оваа сезона вреди да се ископира
Инспирирајте се од стајлингот на оваа модна трендсетерка, актерка и претприемач која не знае што значи неуспех.
Џесика Алба уште еднаш го покажа своето ненадминато чувство за мода во најпопуларниот модел на фармерки оваа сезона со широки ногавици и висок струк.
Џесика ги спои овие светли тексас фармерки со црн топ украсен со тантела и долга кошула, а најголем впечаток остави чантата во минт боја со златен синџир од брендот „Шанел“.
Убавата актерка носеше црни сандали, а косата и шминката беа во нејзиниот вообичаен стил.
фото: profimediaизвор: stil.kurir.rs