Стил на денот: Пријанка Чопра во вечните скинати фармерки

Добивај вести на Viber

Џинсот е вечен, тој никогаш не излегува од мода. Но и скинатите фармерки се парче кое многу жени и мажи секогаш го имаат во својот плакар. За денеска избравме улична мода за нашиот стил на денот. Оваа опуштена варијанта ја носи Пријанка Чопра на улиците на Милано. Скинатите фармерки секогаш одат со кожена јакна, а овој пат ги красат црвените куси чизми.