Стил на денот: Во најчудните високи потпетици - Северина ги збуни и модните критичари
Хрватската пејачка Северина е позната како една од водечките модни икони на нашите простори, која не може да одолее на најновите светски трендови и често е меѓу првите кои носат од најновите модни трендови, а тоа го потврдува и нејзиниот последен стајлинг.
Секоја варијанта на облека на Северина Вучковиќ привлекува внимание, па дури и лежерните изданија за секој ден кои ги гледаме на нејзиниот профил на Инстаграм. Секогаш во чекор со најновите светски трендови и секогаш е подготвена да изненади со парче кое се уште не е видено на нашата јавна сцена, па сега прва носи крзнени високи потпетици.
Станува збор за бели чевли со shearling текстура односно волнена, крзнена текстура, кои се со необичен дизајн и со тенки црни потпетици со средна висина, потпишани од италијанската модна куќа Марни, а Севе мајсторски ги комбинира!
Имено, пејачката го искомбинирала овој необичен пар чевли со црн кожен фустан со копчиња, кој е миди долг и го нагласува тенкиот струк. А понесе и чанта Bottega Veneta.
Со овој стајлинг, особено чевлите ги збуни и модните критичари, како ви се допаѓаат вам?