Стил // Стил на денот
Стил на денот: Водителката Драгана носи удобни сандали на платформа кои се совршени за елегантни пригоди
Познатата 57-годишна водителка покажа летна елеганција која ѝ прилега на секоја жена.
Драгана Катиќ е пример за жените во шестата деценија кога станува збор за модата. Таа е секогаш совршено средена во комбинации кои ја подмладуваат, а сепак ѝ прилегаат на годините.
Овојпат ја гледаме во долг кошула-фустан со црни пруги кој мудро го искомбинирала со беж чанта и иста таква боја сандали на платформа кои ја прават комбинацијата совршено елегантна.