Стил на неделата: Авангарден или нежен капут?

Добивај вести на Viber

Јасно е дека капутот е неизбежен дел од зимскиот гардеробер на секоја жена. Особено во деновите кога надвор е ладно и вее снег. Мора да имате капут кој ќе направи да се чувствувате удобно и топло. Затоа ние имаме 2 топ предлози, во зависност од Вашиот моден вкус.

Доколку сте дама која преферира „пооткачен“ стил Ви предлагаме да го изберете капутот „Синди“. Класичен крој со колан на половината кој ќе ја истакне Вашата женственост, модерна боја и шарени детали на ракавите.


Доколку пак сте тип кој сака пообични и нежни бои, капутот Натали е совршениот избор за вас. Парче во кое ќе се заљубите на прв поглед. Брановидното раскопчување е детал кој му дава еден посебен шмек на овој капут.

Квалитетната волна и удобноста на овие капути да се комбинираат со секаква комбинација се само причина плус за да се најдат во Вашиот гардеробер.