Стил на неделата: Црн комбинезон за секоја пригода- удобен и сензуален

Добивај вести на Viber

Не сите дами се љубители на фустани. Затоа во еден женски гардеробер мора да има комбинезон кој ќе биде супер замена за деновите кога сакате да се чувствувате удобно во панталони, а сепак да бидете дотерани од глава до пети.

Овој црн комбинезон е како созаден за безброј пригоди. За свечености- доволни ви се само високи потпетици, а совршен е и за деловни настани- може да го носите и за на работа со поудобни обувки.

Горниот дел е со нежно деколте на „V“, наизглед како сако со полупровидни долги ракави и полупровиден сензуален грб.

Половината се оцртува со стеснување, а панталоните се со долги и широки ногавици, кои истовремено се удобни и женствени.

Комбинезонот не за џабе го носи името „Викторија“. Едноставно изгледа моќно и победнички и е токму она што му недостасува на вашиот гардеробер.