Стил на неделата: Елена Стојановска во моќен милитари капут

Добивај вести на Viber

Овој четврток наша модна инспирација е харизматичната водителка Елена Стојановска. Нејзиниот избор на капут остава без здив.

Ова е капут во претпознатливиот „милитари“ стил, во интензивна тегет боја, а Елена изгледа одлично во еден од најпопуларните трендови сезонава.

Водителката знае дека во гардероберот на една урбана и моќна жена мора да се најде квалитетен волнен капут кој ќе направи да се чувствува убаво, удобно и топла, а воедно ќе одговара и со секаква модна комбинација.

Станува збор за капутот „Оксфорд“ од колекцијата на „Bella“, кој е по намалена цена.