Стил на неделата: Купете го еднаш, имајте го засекогаш- маслинест капут

Добивај вести на Viber

Овојпат за стил на неделата, го одвоивме капутот кој го носи името „Оксфорд“. Станува збор за капут во претпознатливиот „милитари“ стил, во тренди маслинеста боја.

Капут кој е безвременско парче со специфичен крој и уникатна изработка. Дворедните копчиња и строгите линии му даваат совршен изглед, со кој може да се вклопи во секаква модна комбинација.

Изработен од висококвалитетната волна, овој капут е парче кое едноставно е задолжително за студените денови. Топлина, удобност, пријатно чувство... што повеќе Ви е потребно од еден капут кој вашиот изглед ќе го направи извонреден?

Едноставно ова е капутот што мора да се најде во гердероберот на една моќна модерна жена. Инвестирањето во квалитет и убавина, ќе Ви донесе модно парче кое ќе се носи со години, а сепак секогаш ќе биде во тренд.