Стил на неделата: Одлична бизнис кежуал комбинација

Добивај вести на Viber

Како инспирација за оваа работна недела го имаме стилот на Загорка Видоевска. Станува збор за одлична бизнис кежуал комбинација за овие ладни денови.

Сивите палто и панталони се изработени од 100% рунска волна.

Станува збор за одлично струкирани парчиња во сива боја, кои се супер комбинација со црна ролка и минимален накит. 


Ваквиот стил надополнет со црн капут, црни чизми и чанта се моден избор за чиста 10-ка!