Стил на неделата: Росана Јанков во одлична комбинација за предновогодишна забава

Добивај вести на Viber

Како модна инспирација за оваа недела го имаме стилот на портпаролката во АМСМ, Росана Јанков. Станува збор за нејзиниот супер избор на свечен комплет во комбинација на палто, здолниште и кошула со акцет на сивата боја.

Изработен од екстравагантниот брокат, кој важи за префинета италијанска ткаенина која била омилена меѓу кралските семејства од цела Европа, овој комплет ќе Ве направи да се чувствувате и да изгледате токму така- како кралица.

Идеален е за предновогодишните забави, но зошто да не и за новогодишната вечер.  Свечен, отмен и елегантен аутфит од колекцијата „Bella lure“, со кој е доволно, како Росана, да изберете минималистички накит и лакирани високи потпетици.