Стил // Стил на неделата
Стил на неделата: Трендот на костими во јаки бои продолжува
Костимите во живописни бои се дефинитивно најголемиот тренд оваа сезона. Сите трендсетерки полудеа за нив, така што деновиве се повеќе дами можат да се видат во стајлинзи каде костимот има главна улога.
Во нив, секоја жена изгледа моќно и може да се носи на деловни состаноци, но тие се одлични и за излегување во вечерните часови.
Тие можат да се комбинираат со било што, чевли, дури и патики, блузи, кошули или маици. Костимите ви даваат можност да експериментирате и со тоа да создадете свој стил на впечатливост.