Стилот на Каролина од Монако е вечна инспирација: 10 модни заповеди на најубавата принцеза

Убавината и стилот ги наследила од Грејс Кели...

Каролина од Монако е вистинска претставничка на оваа земја, но некои стилски карактеристики преземала од стариот Холивуд. Како и не, кога најстарата ќерка на познатата Греј Кели и Реније III, па така стилот ѝ е вроден. Таа и принцезата Дајана следеле бројни трендови и останаа синоним за убаво облекување.

Иако понекогаш е тешко да го тргнеме погледот од раскошните фустани, Каролина од Монако секогаш подеднакво внимание привлекувала и со деталите. Без никакви сомнежи, таа ја знае нивната вредност и улога во креирањето на севкупниот впечаток. Поради тоа, ретки се приликите кога не носи накит, очила за сонце, марама или ракавици.

1. Летна за коса или венче

Иако има можност да купува нови, постои аксесоар на кој секогаш со задоволство му се враќа, а тоа е белата лента за коса. Неа ја одликува сатенски материјал и јазол на средианта и поради тоа е вистински избор за венчавки. Како што наведовме, споменатата дама повеќе пати е фотографирана со овој детаљ на косата, поточно во 1987 година за време на лежерна попладневна прошетка и во 1989 година на Канскиот фестивал. За среќа, во денешно време постои замена, бидејќи брендовите се натпреваруваат да го вратат сјајот на класиците, а овој е идеален избор за летните вечери.


2. Мал црн фустан

Тој е неизбежно парче на сите жени со стил, а Каролина со своите „мали црни фустани“ отиде еден чекор напред, па често ги одбира оние со необични детали.


3. Точки

Тие се безвременски и сите припаднички на кралските семејства ги обожаваат. А, зошто? Па, затоа што се шармантни, забавни и секогаш многу дамски.


4. Природни тонови

Иако веќе долго живееме во свет во кој владее минимализмот, сигурни сме дека принцезата Каролина е една од оние жени кои го претпочитаа и тоа пред повеќе од 30 години. Парчињата во бежови нијанси се како клуч до добриот стил.


5. Впечатлив накит

Иако секогаш се облекувала одмерено (освен во ретките прилики кога излегувала од својата комфортна зона), принцезата Каролина секогаш, па дури и денес носела парчиња накит кои влегуваат во око. Големите обетки, ѓерданите со потпис на модната куќа „Шанел“, особено во 80-тите години од минатиот, секогаш беа нејзин избор.


6. Блејзер

Иако и денес се носат во секојдневни прилики во секоја форма, принцезата Каролина некогаш своите беспрекорно сошиени сакоа ги украсуваше со интересни марамчиња или едноставно на својот изглед го додаваше она што, како што во овој случај беа црвените ракавици.


7. Црно - бело

Секој во својот плакар треба да поседува една ефективна црно-бела комбинација на која секогаш може да се врати - таа никогаш нема да излезе од мода, а принцезата Каролина тоа го практикуваше и како млада, а и денес.


8. Црвен фустан

Оваа боја не ѝ одговара на секоја жена, но ако ја сакате треба да износите барем еден фустан сличен на овој кој го носеше принцезата Каролина во младоста. Обетките можеби се вишок, но можеби и она што овој стајлинг го прави посебен.


9. Костим за капење

Иако во јавноста секогаш се појавува скоцкана од глава до петици, принцезата Каролина на плажа секогаш оди лежерно облечена. Секогаш со задоволно одбира едноделни костими за капење, а ние се согласуваме дека тие никогаш нема да излезат од мода и дека совршено ги прикриваат недостатоците.


10. Природна убавина

Принцезата Каролина никогаш не сакала силни бои кога е шминката во прашање, а својата коса во боја на лешник со години ја шишаше во подолг боб. Нејзинито мото дефинитивно е - помалку е подобро.


фото: Profimedia