Стоматологот не е веќе траума за децата
Одењето
на стоматолог е траума за многумина, нѐ ужаснува помислата на целата
апаратура околу нас и звукот кога се поправаат забите. Првото стапнување на
стоматолог, само амбиентот создава траума уште од најмали нозе. Децата првиот
пат можете да ги однесете на стоматолог, затоа што не знаат каде одат, но
вториот пат е веќе невозможно да го седнете детето на стоматолошки стол и да
биде мирно додека му се поправаат забите. И ова прво искуство создава трауми за
цел живот, и како возрасни се плашиме од помислата за поправање на забите. А
знаеме дека за општото здравје е неопходно редовно да се оди на стоматолог,
редовно да се поправаат забите и да се зачува здравјето и хигиената на усната
празнина.
Лекот за траумата од поправање на забите е стоматолошки зафати и интервенции со целосна анестезија или седација. Оваа пракса, да се даде на пациентот целосна анестезија при поправањето заби е веќе долго време применувана насекаде во светот. Кај нас првпат почнува да се применува во новоотворениот Центар за стоматологија на Клиника Жан Митрев.
„Анестезијата е дел од редовната стоматолошка пракса поради многу причини. Пред се овозможува леснотија во практикување на сите можни стоматолошки интервенции. Се аплицира и за поедноставни зафати и за покомплексни. Така кај пациентите веќе нема страв, нема нелагодност, ни болка. И не е само тоа, кај некои пациенти, во специфична состојба секој преглед и најмалата интервенција може да предизвика сериозен напад на паника. Овие дози се прилагодени и соодветни на секој пациент одделно и на секоја интервенција одделно. Зборуваме за целосно безбедни и адаптирани анестезиолошки дози“, објаснува д-р Емил Стоицовски, специјалист по анестезиологија и реанимација во Клиника Жан Митрев.
Анестезијата и таканареченото седатирање при стоматолошките зафати ги отстрануваат сите можни налагодности, стравови или трауми и овозможуваат стоматологот да работи со смирен и сталожен пациент. А кога зборуваме за чувство опуштеност и смиреност кај пациентот, новоотворениот Центар за стоматологија во Клиника Жан Митрев е со современ, нетипичен амбиент и со 24часовна достапност за сите потреби на пациентите.
ПР објава