Стопирала од Загреб до Бора Бора и ја запознала љубовта на својот живот: Загрепчанката Ана има необична љубовна приказна

На првото патување со автостоп била до Француска Полинезија, за време на второто напишала книга, а на третото патување до Островите Маркасан се вратила со авион заедно со свршеникот со кој го продолжила животот на остров.

Загрепченката Ана Бакран оваа неверојатна авантура ja започнала во 2013 година, кога од Загреб тргнала автостоп до малиот остров среде Пацификот - Бора Бора.

„Ми требаа скоро четири години да стигнам до таму. Поминав низ вкупно 25 држави и доживеав се' нешто“ - раскажува за 24sata.hr светскиот патник и патописец. По оваа авантура се вратила дома, а тогаш добила идеја своите авантури од патувањата да ги пренесе во книга - 'What's Wrong With You?'
На другото патување до далечниот остров, на кој одлучила да ја напише, започнала со - 'од вистинската страна на Пацификот'.

„Дури по една ипол година од првото патување дознав дека мора да пробувам да стопирам брод до Бора Бора од кривата страна на океанот. Морнарите на кои наидов ми кажаа дека бродовите за Француска Полинезија тргнуваат од Јужната Америка поради поволните струи и ветрови, но јас тоа не го знаев бидејќи немав искуство во пловењето.“ - раскажува Ана.

Откако го пропатувала скоро целиот свет, патувала со разни автомоболи, комбиња, бродови, па дури и еден хелихоптер, се дружела со сопатници, вкусила егзотични јадења, престанала да се шминка и станала веганка, на островите Маркасан ја запознала љубовта на својот живот - вереникот Танги, потомок на канибалот.

Третото патување, она „животното“, како што и го нарекува ѝ донело стабилизирање. Покрај човекот кој ненајдејно го засакала и одлучила да „фрли сидро“ и да се пресели на неговиот остров Нуку Нива и да изгради живот во култура и окружување кое е потполно поинакво од нејзиното.

„За разлика од првите две патувања, на ова не менувам градови и држави кога ќе ми здодеат луѓето, окружувањето или необичните правила, туку се борам со тоа и пронаоѓам решенија“ - беше одлучна Ана.

Ова патување ѝ било желба уште на 20 години, но дури на 31 година се чувствувала психички, физички и финансиски подготвена за такво патување. 

View this post on Instagram

A post shared by Ana Bakran (@anabakrana)


Извор: 24sata.hr