Строга сум кон себе си како војник: Лепа Брена искрено за Женски магазин

Добивај вести на Viber

За да ја одржи својата линија до совршенство, Лепа Брена вели дека ѝ е потребна војничка дисциплина. Фолк-ѕвездата со години наназад се одрекува од многу слатки задоволства за да изгледа добро. За Женски магазин, Лепа Брена ја откри тајната на добриот изглед. 

 „ Јас со години наназад се научив да живеам како војник, и да бидам строга кон себе си. Секое претерување би ми наштетило, без оглед дали е тоа претерување како недоволна физичка кондиција на пример, која ќе донесе последици. Пеењето е како возење велосипед, тоа е нешто што никогаш не се заборава, но пејачката кондиција зависи од физичката кондиција. Јас одамна се одреков од некои животни задоволства. Смешно ми е кога ќе слушнам на нашите простори кога луѓето велат: Ако не јадам и ако не пијам и не пушам, за што тогаш живеам? Јас имам многу други причини да живеам. Научив да бидам умерена во храната и да си скратам многу работи кои претставуваат балканско задоволство“, ни изјави Брена и додае дека како што поминуваат годините, таа јаде сѐ помалку месо.  

„ За себе можам да кажам дека не постам секоја среда и петок, туку постам веќе 35 години. Ако јадам месо, тоа е еднаш во неделата. Мојата исхрана се сведува на некои лесни протеини, супи, чорби, можеби некоја јапонска или тајландска храна. Секоја храна, само не оваа нашава балканска. Понекогаш ќе ми се случи да изедам некоја сарма, или некое месо, но потоа ќе се покајам, затоа што јас тоа не можам да го сварам’, искрена е Лепа Брена. Иако знае да зготви многу специјалитети од босанската кујна кои ги научила од мајка си, и самата месела леб како дете, од сите тие јадења таа со годините се откажала.