СТУДЕНТСКИ ЖИВОТ

Добивај вести на Viber

Почнаа предавањата. Секое утро ист редослед. Станував, одев на

факултет, следев предавања, попладне дома или учев или одев во фризерскиот

салон на работа. Со тие колеги, кои бевме редовни, разговаравме за

предавањата, се информиравме за првите колоквиуми и почнавме да се

дружиме. За материјали се договаравме, купувавме потребни книги,

разменувавме фотокопии, на паузи одевме заедно, во бифе јадевме или пиевме

кафе. Така и нашата колегијалност почна да се претвора во дружба. Нормално, и

блискоста почна да се развива и почнавме заедно да излегуваме. Мене ми беше

многу интересно бидејќи сакав да се дружам и, се разбира, во тој период со

Марко помалку се гледавме.

Во тоа време се одржуваше и бруцошка вечер. Се договоривме да

присуствуваме, оние кои се дружевме: Максим, Давид, Кристина, Васка,

Сузана, Милан. До мене седеше Максим, кој уште од почетокот не беше

рамнодушен кон мене, но јас не сакав да му обрнувам внимание на неговите

додворувања. Музиката кога почна да свири, Максим ме покани да танцуваме.

Игравме двајцата, се однесував слободно затоа што сите знаеја дека со Марко се

забавуваме и го познаваа. До нас играа Давид и Кристина. Тие овие последни

денови започнаа да се забавуваат.

Ноќта помина во убаво дружење и расположение. Тргнавме да си одиме.

Максим беше дојден со кола и нè повика мене, Давид и Кристина заедно да нè

однесе до дома. Максим беше од друг град, но беше ситуиран, имаше стан и

кола. Јас некако немав доверба во него. Кога тргнавме ги праша Давид и

Кристина дали сакаат да отидеме кај него на кафе. Тие прифатија, а јас се

двоумев. Но, Кристина ме убеди: „Ајде Милка, ќе одиме за пола саат и ќе си

одиме дома“. Прифатив, со негодување. Кога застанавме пред неговата зграда,

намерно ја видов неговата адреса.

Се качивме горе во станот. Имаше коктел-маса во дневната, а на неа беа

наредени полно шишиња пијалаци. Дури ми беше чудно. Толку пијалак кај

студент. Седнавме. Максим свари кафе и со Кристина и со Давид запалија

цигари. Иако не пушев, го познавав мирисот од тутунот. Ова беше многу чуден

мирис. Максим им тури пијалак. Јас не сакав. По некое време Кристина праша:

„Ова е џоинт?“ Максим важно потврди и почна да се фали како тој пушел

одамна, но, од здравствени причини. Го прашав од што е болен. Тој не

одговори.

Давид и Кристина беа скоро зашеметени. Почнаа да се приближуваат

еден кон друг и да се бакнуваат. Потоа, Максим пушти музика. Давид и

Кристина почнаа да танцуваат. Ова повеќе личеше на стриптиз отколку на игра.

Припиени еден кон друг се бакнуваа, допираа, како да се сами.

Давид почна да го откопчува фустанот, таа, пак, му ја откопчуваше

кошулата и му го бакнуваше вратот. Играа некој вид ориентален танц, па се

вртеа, а тој ја превртуваше храбро, смело.

Јас бев во недоумица што да правам, размислував и не знаев што да

преземам. Се сетив дека нивната смелост е под влијание на марихуаната.

Нејзиното дејство првите петнаесетина минути до пола час е најјако.

Максим пушеше и ги гледаше, па седна до мене. Тие продолжија со

стриптизот. Давид и ги бакнуваше брадавиците на Кристина полека, сочно, па

се префрли на градите, почна да и ги гушка и лиже. Во меѓувреме и го тргна

градникот. Го фрли со оној каубојски трик за фрлање ласо. Подоцна, таа се

наведна и почна да му ги соблекува гаќите. Се наведна и во такт со музиката

започна да го лиже неговиот набрекнат орган. Тоа го правеа толку слободно, без

ни малку срам што заборавија дека и ние сме присутни. Максим гледаше и се

приближуваше сè повеќе кон мене. Лицето му беше црвено, целиот беше во

транс и ми викаше: „Милка, пробај од цигарите“.

Јас грозничаво размислував во себе: „Што е ова? Колеги сме на факултет

или што? На што личи ова!! Утре како ќе се погледнеме? Што да правам?

Морам да се снајдам некако“.

Се сетив. Им кажав дека ми се повраќа и отидов во бањата. Пуштив вода

и ѝ се јавив на сестра ми, итно, да земе такси и да дојде на адресата која ја видов

кога доаѓавме. Ја отклучив и влезната врата. Се вратив во дневната. Видов еден

пијалак со зелена боја, го зедов и намерно ми падна од рака. Се скрши и на

паркетот целата течност се истури и се разлетаа стакла од шишето по сите

страни. Кристина и Давид застанаа чудејќи се што се случува. Во потколеницата

на Давид летна едно парче стакло и почна да блика крв.

Максим рипна, почна да вреска по мене: „Ти, што правиш?

Провинцијалке една! Затоа те викнав овде? Да правиш неволји?“

„Не, јас, туку ти што правиш“, одговорив. Додека се расправав со него,

Кристина и Давид почнаа да се облекуваат. Јас му реков на Давид да седне и

почнав со крпа да му ја врзувам потколеницата на Давид. Во таа неколку

минутна бркотница ја чекав Весна да влезе и добивав во време. За кусо дојде

Весна со еден свој пријател. Влегоа и тој почна да вика:„ Кој пушел марихуана?

Од каде ви е? Работам во полиција, сега ќе ве носам в станица“.

Максим, Давид и Кристина кога слушнаа полиција, станица, конечно се

свестија. Максим почна да плаче и кажа дека ова му е првпат, дека некој

пријател му донел да проба. Го молеше пријателот од сестра ми да не го носи в

полиција. Додека Кристина облечена в кошула и фустан си го бараше градникот

и беше многу засрамена пред сестра ми. Давид беше под еротично марихуански

транс со крвава нога и беше заплашен. Сите изгледавме како мали деца, кои

скршиле некоја скапа играчка.

Почекавме на Давид му запре крварењето. Беше површинско крварење и

по кусо време прекина да му тече крв. Кристина едвај го најде градникот и

отиде во бањата да се облече. Со метла ги собравме стаклата. Максим уште

еднаш вети дека нема никогаш да допре марихуана, што јас не му поверував.

Сите тргнавме накај дома. Јас бев многу разочарана, но во едно бев сигурна,

дека моето дружење со нив заврши.

АНОНИМНА