Судбината не ја милуваше, смртта на детето уште ја боли: Песните на Бети ги слушаме и денес

Бети Ѓорѓевиќ остави неизбришлива трага на домашната музичка сцена, а нејзините песни како што се „Да ја почнеме љубовта од почеток“ или „Крај на мојата тага“ и денес се слушаат со задоволство.

Благуна, како што гласи името на џез-пејачката, која денес има 74 години, истакнува дека нејзиниот живот е обележан со многубројни таги уште од најрана возраст откако пораснала без родители (татко и починал пред нејзиното раѓање, а мајка и се омажила повторно) , па ја одгледала баба и Јелена, која прва го забележа нејзиниот талент за музика.

-Тоа беше време на војна, татко ми почина, а мајка ми се премажи. Нема што тука многу да се зборува. Рано сфатив дека животот не е фер. Но, да не беа тие трагедии, немаше сигурно да преживеам се што подоцна ми се случи“, раскажала познатата пејачка.

Баба и од Куманово ја испратила во Белград на школување кога имала само 15 години, на 18 се омажила, а потоа следи нејзиниот вртоглав успон во кариерата, во вид на турнеја во Германија, САД, Русија... Иако цела Југославија ја сакаше, падна во целосен заборав кога на телевизија немаше повеќе мето за џезот под налет на новите музички правци.


Најтешко, како што истакнува во итервјуто за „Глорија.рс“ ја поднела смртта на синот Бранислав во 2013 година, но, по првичната затвореност во себе, утеха, како и секогаш, нашла во музиката.

Бети синот го добила со музичарот Слободан Боба Живковиќ, кој меѓудругото и ги отворил вратите кон музичкиот свет, во кој достигна врв на популарноста како во Југославија, така и надвор од границите на земјата.

Едно од најубавите сеќавања, како што истакнува, и е средбата со Ела Фицџералд, која се ракувала со неа откако отпеала една од нејзините песни, а потоа вечерта ја поминале заедно.


Foto: Printscreen/YouTube