Моден фокус // Коса
Супер трансформација: Пенелопе Круз со нова фризура која одговара на секое лице
Иако доживеа разни трансформации на убавина поради улогите,
новата фризура беше сосема неочекувана!
Убавата актерка реши да ја скрати својата долга бујна коса во неодолив боб!
Актерката ја откри својата промена на својот профил на Инстаграм, промена која прави да изгледа уште помодерно и помладо.
Должината на косата точно помеѓу вилицата и рамото совршено ги нагласува карактеристиките на нејзиното лице, а нежната шминка го комплетира свежиот изглед.
Иако Боб фризурата најмногу им се препорачува на оние со тркалезно и срцевидно лице, пред претстојната сезона, оваа фризура станува омилен избор на сите оние кои сакаат да имаат практична, но и шик фризура.
Како ви се допаѓа?
Фото: Инстаграм/penelopecruzoficial
Moжеби ќе ве интересира:
Во вакво издание ја немате видено: Дани Димитровска непрепознатлива (ФОТО)