Суровиот живот на Тина Тарнер: Преживеа мозочен удар и рак, сопругот ја малтретираше, сега доживеа уште една семејна трагедија
Фото: Profimedia
Животот уште еднаш ја фрли на колена кралицата на рокендролот Тина Тарнер. Една од најуспешните женски рок изведувачи на сите времиња им дала пример на многу жени, како во најтешките животни ситуации со силна волја можно е да се добијат сите битки.
Таа доживеа уште една семејна трагедија. Имено нејзиниот 62-годишен син Рони Тарнер починал во својот стан во Лос Анџелес.
„Рони, го напушти овој свет прерано. Во тага ги затворам моите очи и мислам на тебе, мој сакан сине“ - објави на својот профил на Инстаграм скршената мајка.
Пејачката пред четири години го изгуби и тогаш 59-годишниот син Крејг Тарнер кој се самоуби.
Тина Тарнер е една од најуспешните женски рок изведувачи на сите времиња, на сцена е повеќе од 50 години, а кариерата ја започнала во 60-тите години на минатиот век со сопругот Ајк, кој со години ја злоупотребувал. За својот најстар син во шоуто на Опра, Тина во 2005-та изјави:
„Тој беше емотивно дете. Беше тажен. Се сеќавам дека кога Ајк ме тепаше, Крејг секогаш тропаше на вратата и викаше: „Мамо, дали си во ред?" Потоа го замолив да не ме брка тепа дома, за да не слушаат децата.“
Таа е кралица на рокенролот, има моќен глас и вртоглаво долги нозе. Вака Опра Винфри ја опиша пејачката Тина Тарнер. Меѓутоа, освен исклучителните вокални способности, таа има неверојатна енергија со која зрачи секој пат кога ќе застане на сцена. Видела, претрпела и преживеала сѐ – од дно, до врв.
Имала тешко детство, Ајк го запознала во клуб
Тогаш таа и нејзината сестра почнале да излегуваат во ноќни клубови во градот, каде идната ѕвезда го запознава човекот кој и ја отворил вратата на успехот, но и донел и голема болка. Иако не била импресионирана од неговиот изглед, Ана ја фасцинирал талентот на пејачот на тогаш популарниот бренд The Kings of Rhythm, Ајк Тарнер. Кога забележала дека Ајк и членовите на неговиот бенд избираат девојки за време на настапот од публиката и на сцена ги повикуваат да пеат со нив, Ана станала заинтересирана. Така една вечер тапанарот и пришол на масата каде седеле Ана и нејзината сестра и им дал микрофон.Со задоволство ја прифатила понудата и запеала, не помислувајќи дека тоа е нејзиниот вистински чекор во светот на музиката. Во почетокот бил скептичен, но по сјајната изведба на една од песните на Б.Б. Кинг, Тарнер ја повикува Ана да му се приклучи на неговиот бенд, па така во осумнаесеттата година како придружен вокал станува член од групата на Ајк Тарнер под уметничкото име „Малечката Ана“ (Little Anna). Го променила името и станала Тина Тарнер.
По аферата со саксофонистот го добива првото дете. Бидејќи не го прифатила фактот како Ана така млада се одлучила на тој чекор, мајка ѝ ја исфрла од домот и таа со синот заминува во домот на Ајк. По многу кратко време, таа е прв вокал на групата. Ајк и Ана заедно постигнуваат значаен успех и како изведувачи со најдобри сценски и телевизиски настапи, стекнуваат популарност ширум светот. Меѓутоа, со успешната професионална соработка, односот на Ана и Ајк почнал да поприма и други димензии. По две години влегле во брак и станале родители. Во тоа време тој и предлага на Ана да го промени името во Тина, што се римувало со името на неговата омилена телевизиска ѕвезда Шин. Како причина за тоа го навел и стравот дека ќе избега и ќе продолжи со соло кариера со името Малечката Ана, која ја прослави.
Сакал сите да знаат дека ја тепа
Во средината на 70-тите успехот и грубото однесување на Ајк почнале да влијаат на односот меѓу двојката. Врската била сѐ послаба, а непочитувањето на Ајк кон сопругата станало јавно и се почесто бидејќи алкохолот и дрогата владееле со неговиот ум. Додека на сцена биле величествени, приватно таа трпела тешко насилство.
- Уживав углед и многумина ми нудеа подобра работа, но јас му останав лојална на Ајк. Едноставно сум таква. Тој би почнувал со прашањата дали ќе го повредам како сите други, но што повеќе повторував „НЕ“ тој се повеќе беше сигурен во своите тврдења-признала Тина кај Опра. Подоцна, таков разговор би се одвивал по шема и штом би почнал, знаела дека следи тепање. Имала модринки на лице, и секогаш се трудел да и направи модро око. Сакал последиците од неговото насилство да бидат видливи.
Сакала да го убие, но се откажала
Една ноќ, додека во рамки на заедничката турнеја патувале во Далас, Ајк ја претепал до крв. Истепана чекала да заспие, а потоа, како би ги прекрила раните и модриците, ставила наочари и избегала со само 36 центи во џеб. Засолниште пронашла во блискиот мотел после што со помош на адвокатот и негови пријатели одлетала во Лос Анџелес.
- Многупати додека тој спиеше, посегнував по пиштолот, но се откажував во последен момент. И покрај сѐ, правев сѐ за да го усреќам. Бев неговата Пепелашка-говорела Тина. Го обвинила за години физичко малтретирање и злоупотребување, а како што паднала во тешка психичка ситуација, се обидела да се убие, проголтувајќи 50 таблети Валиум.
Во својата биографија „Јас Тина“ подоцна преточена во филм кој симболичното име го добил по еден од нејзините најпознати хитови ’What’s Love Got to Do with It?‘, Тина го обвинила Ајк за насилство, што тој се до објавување на својата автобиографија го негирал.
- Ја шамарав Тина. Без причина и со тупаници ја праќав на земја. Но, не ја тепав баш толку како што вели таа-признал тогаш.
Понуда која ја врати на сцена
Ја обвинувал како сакала да абортира, тврдејќи дека дури и го испратила неговиот син Мајкл во ментална болница откако тој наводно, се обидел да ја смири со својот татко. Бидејќи после разводот останала без ништо, некое време чистела станови како би преживеала.
За среќа, набрзо добила понуда со групата Who да глуми во рок операта Томи. Првиот голем успех на британските топ листи следел набрзо откако ја снимила песната ’Let’s Stay Together‘ со која се проби меѓу 10 најслушани во Велика Британија. Во исто време придружниот албум под името ’Private Dancer‘ е продаден во повеќе од 11 милиони примероци, а на него се најде и песната ’What’s Love Got To Do With It‘. Тина во 1985 година ја прифатила улогата во филмот ’Mad Max Beyond Thunderdome‘, а песната ’We Don’t Need Another Hero‘ стана хит за сите времиња. Таа иста година настапуваше и во дует со Мајк Џегер на Live Aid концертот и синглот ’We Are The World‘ и дала значаен придонес во добротворни акции. Дури во 1985 година ја запозна љубовта на својот живот. Тина тогаш живеела во Цирих и таа 1985 година на забавата на една издавачка куќа го запознала својот сегашен маж, продуцент на германската музика, шеснаесет години помладиот Ервин Бах со кој година дена подоцна почнала врска.
- Тој е моето се. Го обожавам. Ние сме едно. А што најмногу сакам со него? Па животот-изјавила пред неколку години легендарната пејачка која се омажи за Ервин во 2013 година. Тина за себе вели дека е силна жена која преживеала развод, разделба од семејството и сите видови на пекол, но не дозволила сето тоа да ја скрши и издржала и покрај сите животни катастрофи. Никогаш не пушела, алкохол консумирала во умерени количини, а дрогата ја одбивала секој пат кога некој би и понудил.