Свадбата како ноќна мора: Невозможни барања на една невеста

Една американска невеста пратила покана за венчавка со неколку барања за своите потенцијални гости, но веројатно не очекувала толку негативни коментари на социјалните мрежи.

Дел од роднините ја нарекле разгалена, но причината е тоа што од родителите и од блиските роднини барала да заштедат барем пет илјади долари за да можат да ги покријат сите трошоци кои венчавката ги бара, пишува Дејли Меил. Понатаму, невестата од пријателите барала да земат барем две недели годишен одмор, а венчавката да трае три дена. Поканата била испечатена на три страни, а невестата навела три земји каде што би можела да се одржи свадбата.

Поканата која стана хит на социјалите мрежи 

„Венчавката ќе биде во некоја од овие земји: Филипини, Тајланд или Виетнам, уште не сум одлучила“, рекла невестата. 

„Летот трае од 10 до 13 часа и чини од 500 до 1100 долари. Ќе ви треба барем две недели годишен одмор. Три дена ќе бидете зафатени со церемонијата на венчавката, а останатото време можете да правите што сакате“, напишала на поканата.

Гостите своето присуство треба да го потврдат до 28 февуари, а свадбата ќе биде во ноемви или во декември. „Имате барем девет месеци за да штедите за свадбата“, додала невестата. 

Поканата стана хит на социјалните мрежи во САД. „Ти живеј во својот свет на соништата. Никој нема да ти дојде на свадба“, напишал еден корисник на социјалните мрежи.