Свекрвата инсистира да го избере името на бебето: Вели тоа е традиција, не знам што да правам

Понекогаш, дури и кога луѓето имаат најдобри намери, треба да бидат свесни дека одлуките за вашите животи ги донесувате единствено вие самите. Ова е особено точно за бременоста.

Една анонимна жена отворено прозборува за „Редит“, пишувајќи дека има три деца од првиот брак, а нејзиниот сегашен сопруг е „најневеројатниот татко на светот“. Иако не планирала да има повеќе деца, околу крајот на април, дознала дека е бремена во петата недела, а нејзиниот сопруг бил „шокиран и крајно возбуден“.

„Им кажавме на нашите семејства и тие беа пресреќни за нас“, вели таа.

Ова особено се однесува на нејзината свекрва, која не го криела својот ентузијазам. Згора на тоа, откако дознала дека нејзиниот син ќе стане татко, таа се обидувала да ја преземе организацијата за апсолутно сè, од славење, подарок за детето, до подготовки за доаѓањето на новиот член на семејството. Покрај тоа, таа инсистирала прва да го дознае полот на нејзиниот внук.

Но, отишла чекор подалеку кога и рекла на снаата дека во нивното семејство е традиција бабата да биде присутна на раѓањето, да избере име за детето, но и „да го држи детето во рацете пред таткото и мајката“. Иако нејзините идни родители го одбиле нејзиниот предлог, таа сепак ги уверила дека тоа е семејна традиција. Затоа тие одлучиле да и дадат минимални информации за детето до крајот на бременоста.

„Таа се обиде да извлече каква било информација од мене, и кога јас не и кажував ништо, таа почнуваше да плаче и да ми кажува како тоа ќе е нејзиното последно внуче и како треба да биде таму. И јас и мојот сопруг ја игнориравме, но се чини дека таа нема ограничувања“, напиша фрустрирана мајка.

Повеќето луѓе се согласија дека не треба да им се дозволува на свекрвите да учествуваат во сè.

„Леле, ова звучи како традиција што таа ја измислила“, е еден од коментарите.

„Сите традиции се 100% опционални, не е важно дали се нови или стари, тие ги измислил или некој пред сто години или вашата свекрва сега", истакна еден читател и додаде: Традицијата не е аргумент за ништо. Правете како сакате, што сакате!"


фото:Shutterstock

извор:zenskikutak.rs