Свршеницата на Роналдо ги почитува правилата за облекување на СП: Закопчана до грло, но повторно исто - блеска накитот (ФОТО)
Џорџина Родригез
привлече внимание во Катар додека од трибините го бодреше Кристијано Роналдо
Следат пофалби и за Џорџина Родригез! Вереницата на еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо, е редовно на удар на негативни критики поради нејзините безобразно скапи аутфити и луксузниот накит, кој, како што многумина велат, „боде очи на секој чекор“.
Сепак, Џорџина е единствената која целосно го испочитувала кодексот на облекување во Катар. Џорџина и нејзините деца го бодреа Роналдо на Светското првенство, а таа ги покажа своите фотографии на Инстаграм. Португалската репрезентација загуби, но Џорџина беше пофалена повеќе од било кога.
Таа со својот стајлинг покажа почит кон оваа земја - облече затворена кошула и фармерки, но ниту овој пат не го избегна скапиот светкав накит!
Вереницата на Роналдо јавно се заблагодари на организацијата на Светското првенство.
„Ви благодариме за топлото гостопримство. Беше задоволство да се истражува градот“, напиша таа.
Фото: Инстаграм