Таа беше првата девојка што Том Круз ѝ ја претстави на јавноста по разводот со Кејти Холмс: Сепак ставија крај на љубовта

Актерската двојка беше неразделна од првиот ден на снимањето на заедничкиот филм, но тие одлучија да стават крај на нивната романса.

Познатиот актер Том Круз (59) ја прекина емотивната врска со својата помлада колешка Хејли Атвел.

Тие двајца беа неразделни уште од првиот ден на снимањето на продолжението на „Невозможна мисија“, а нивната врска стана јавно официјална во декември 2020 година.

- Заедно тие поминаа низ интензивен период на снимање. Одлично се сложуваат, но одлучија да останат само пријатели. Том има премногу обврски и патува цело време. Тоа е една од причините зошто тие не функционираат - изјави извор близок до актерот за „The Sun“.
Со оглед дека снимањето на филмот „Невозможна мисија 7“ не е целосно завршено, Хејли и Том ќе продолжат да соработуваат.

Дваесет години помладата, Хејли беше првата девојка која Круз ѝ ја претстави на јавноста по разводот со Кејти Холмс во 2012 година, со која ја има ќерката Сури.

извор:GLOSSY

Првата девојка што Круз ѝ ја претстави на јавноста по разводот со Кејти Холмс: Пристигнаа на Вимблдон заедно во многу елегантно издание