Таа е официјално најдобро облечената жена во светот: Манекенката често шокира со креативни изданија, а поради ова ја понесе титулата

Добивај вести на Viber

Бела Хадид е на врвот на престижната Lyst 2022 „Power Dresser of the Year“.

Веб-страницата наведува причини за престижниот статус на Бела, вклучително и дека нејзината облека поттикнала неверојатно „1.900% зголемување на пребарувањата за слични предмети што ги носела, како што се корсети (70%) и карго панталони (56%). Таа е одговорна и за тоа што Ugg чизмите станаа вирални на TikTok и се распродадоа во рекордно време.

View this post on Instagram

A post shared by JARED MICHAEL SISKIN (@jaredsiskin)



Интересно е и тоа што оваа година магазинот GQ и ја додели на Бела Хадид титулата за најстилска жена на светот и покрај нејзините необични изданија и чудните трендови кои ги иницира.

„Ефектот Хадид“

„Ефектот Хадид“ лежи во фактот, пишува Вог, дека 26-годишната манекенка успеала да се пробие во алгоритмот „уличен стил“ како ниедна друга славна личност. Таа има усовршено шик, „не се трудев премногу“ стил на облекување што ја прави попристапна и подостапна. Секој може да облече преголема кожна јакна, обична маица и некоја верзија на Uggs, исто како Bella, и да изгледа супер тренди.

Дополнително, Бела има склоност кон винтиџ облека од која светот во моментов не може да се засити. Сепак, постои разлика помеѓу Бела и другите познати девојки кои носат слични парчиња облека. Многу познати личности носеле, да речеме, креации или здолништа на Галијано од архивата на Роберто Кавали, но Бела има поинаков пристап кога станува збор за винтиџ облеката.

View this post on Instagram

A post shared by Bella  (@bellahadid)



Имено, сите нејзини модни изданија се внимателно дизајнирани. Таа ќе носи важна креација на црвениот тепих, но секогаш поради посебна причина. Минатиот октомври таа носеше фустан со качулка Azzedine Alaia од 1986 година на Fashion Trust Arabia Awards во Доха, а изборот навистина имаше смисла бидејќи настанот ги прослави дизајнерите од Блискиот Исток и Северна и Централна Африка, а Alaia е по потекло од Тунис. Бела, затоа, не избра само старо дизајнерско парче, туку внимателно размислуваше што ќе облече.

Она што е особено интересно е што нејзиниот моден избор најчесто е на работ на експерименталното. Многупати Бела се појавила како да го фрлила врз себе првото нешто што ѝ паднало во рака и тоа тотално функционирало, пишува Вог.


извор: најжена.рс

ФОТО: Profimedia