Таа е жената со најдолг животен век во светот: По кои правила се водела во своите 122 години живот

Запознајте ја мадам Жан Луис Калмент, која има најдолг потврден животен век во човештвото - живееше 122 години, 164 дена. Очигледно, судбината силно го одобрила начинот на кој го живеела својот живот. Таа е родена во Арл, Франција, на 21 февруари 1875 година. Ајфеловата кула е изградена кога таа имала 14 години. Во тоа време таа го запознала Винсент ван Гог. „Тој беше валкан, лошо облечен и неподнослив човек“, откри таа во интервју дадено во 1988 година.

Кога имала 85 години, почнала да се занимава со мечување и сѐ уште возела велосипед на 100 години. На 114 години глумела во филм за нејзиниот живот, на 115 години имала операција на колкот, а на 117 години се откажала од пушењето (пушела од 21 година). Не се откажала од цигарите заради здравствени причини, туку нејзината причина било тоа што не сакала да бара од некој да и помогне да запали цигара, откако почнал да и слабее видот).

Во 1965 година, Жан имала 90 години и немала наследници. Тогаш потпишала со нејзиниот 47 -г одишниот адвокат, Андре-Франсоа Рефреј. Тој се согласил да ѝ плаќа месечна сума од 2.500 франци под услов да го наследи станот откако таа ќе почине. Но, Рефреј починал пред неа на 77 - годишна возраст и не успеал да го наследи станот. 

На 120 - тиот роденден ја прашале каква иднина очекува да има, а нејзиниот одговор гласел: „Многу кратка“.

Во продолжение прочитајте неколку од правилата за живеење на Жан Луиз Калмент:

„Вљубена сум во виното.“

„Сите бебиња се убави.“

„Мислам дека ќе умрам од смеа.“

„Ме заборави нашиот Добар Господ.“

„Имам само една брчка и седам на неа.“

„Никогаш не носам маскара и многу често се смеам до солзи.“

„Ако не можете да промените нешто, не грижете се за тоа.“

„Секогаш чувај ја твојата насмевка. Така го објаснувам мојот долг живот.“

„Гледам лошо, лошо слушам и се чувствувам лошо, но сè е во ред.

„Имам огромна желба за живот и имам голем апетит, особено за благо.“

„Уживав кога можев. Дејствував јасно и морално и без жалење. Имам многу среќа.“

„Да се ​​биде млад е состојба на умот, не зависи од нечие тело. Јас всушност сум сè уште сум млада девојка, иако не изгледам толку добро во изминатите 70 години.“

На крајот од едно интервју, новинарот ѝ кажа: „Госпоѓо, се надевам дека ќе се сретнеме повторно некаде следната година“. На што Џана одговори: „Зошто да не? Не си толку стар; сепак ќе бидеш тука!“

Сликата со крилја е парче уметност од L. Lichtenfells