Таа матурантка, тој пејач: Како се роди љубов меѓу Ацо Пејовиќ и неговата сопруга

Таа матурантка, а тој пејач кој почнал да гради кариера. Ацо Пејовиќ и Билјана тргнаа од Пријеполе за да најдат среќа во Белград.

- Имав повеќе среќа отколку памет. До таа година, поминав многу повеќе отколку кој било друго од мојата генерација. Патував, се нагледав на сè и сешто, а потоа во тие години посакував да имам нешто покрај себе, некој што ќе ме сака. Во врска бевме седум дена и стапивме во брак, а заедно еве сме веќе 20 и нешто години. Се запознававме сите овие години - рекол Пејовиќ порано.

Како гостин во емисија на ТВ Пинк, водителот го праша дали е вистина дека доцнел на сопствената венчавка, што беше проследено со потврден одговор, но и објаснување:

- Да, доцнев на мојата венчавка. Сите шетаа пред општината, јас бев на Златибор, свирев, имав тезга - се присети тогаш Пејовиќ, кој рече дека жената е шеф и столб на куќата.

-Се е на најзините раменици. Јас така гледам и мислам дека е така. Кај мене жената е газда-рекол тој.

Според неговите зборови, Билјана и тој се венчале веднаш откако таа завршила средно училиште.

-Јас бев само неколку години постар. Заедно растевме, се менувавме еден со друг, се поддржувавме, созревавме. Така, заедно станувавме луѓе. Можеби комбинацијата на нејзината љубов, мојата музика и досегашно животно искуство, всушност ме дефинираа како човек.

Од љубовта со Билјана, Ацо ги има трите ќерки Магдалена, Марија и Ива.

Foto: Story / Luka Šarac