Тага до небо! Вака се запознаа покојниот Милутин Мркоњиќ и Ана Бекута, врската им беше љубовна бајка

На 79-годишна возраст почина политичарот Милутин Мркоњиќ.

Романсата помеѓу Ана Бекута и Милутин Мркоњиќ веќе подолго време ја заинтригира јавноста, особено затоа што тој беше во брак кога ја запозна пејачката:

- Единствената жена на сцената што не ја познавав е Ана. Се запознавме на концертот на Шабан Шаулиќ, таа дојде и го зеде микрофонот да пее. Прашав која е оваа жена, ми рекоа дека е Ана Бекута. Не ја препознав, претходно ја гледав на телевизија, но не знаев дека изгледа така. Таа дојде, испеа две песни, јас ги платив тие две песни, не беа малку пари. И ја ставив раката околу половината, а таа ми рече: „Тргај ја раката, ти си оженет маж“, а јас и реков: „Дај ми ги тогаш парите“ – изјави Мркоњиќ во една емисија.

- Навистина тоа му го кажав кога му го видов венчалниот прстен на десната рака, кој подоцна го извади и ми објасни каков е неговиот статус - додала таа. 

На крајот, тие кажаа дека сакаат што нивната љубов да трае до крајот на животот и открија дека многумина им кажуваат дека нивната љубовна приказна е инспиративна и дека им ја враќа вербата во љубовта.


Фото: Инстаграм-Ана Бекута/printscreen-TV happy