Тага во семејството на Милица Павловиќ: Почина најважниот маж во нејзиниот живот

Почина најважниот маж во животот на Милица Павловиќ - дедо Владимир покрај кој израсна.

Дедото на популарната пејачка почина пред неколку дена, а како што пишува „Блиц“, погребот бил одржан во кругот на најблиските членови на семејството во село Долен Буниброд.

Милица често во своите интервјуа зборуваше дека баба ѝ Рада и дедо ѝ Владимир ги замениле нејзините родители по разводот и дека и денес и сѐ во животот.

„Баба и дедо ги сакам најмногу на свет, а мајка ми и татко ми никогаш не ми недостасувале. Тие се разбедоа и јас не можам да им судам поради тоа. Јас сум родена во Швајцарија, но по нивниот развод како мала дојдов во домот на баба и дедо, кои ме одгледаа“ - изјави своевремено Милица.

Пејачката повеќе пати истакна дека е горда што детството го поминала во селото Долен Буниброд кај Лесковац, а за тоа колку ѝ се значајни во животот покажува и тоа што на грбот ги има истетовирано нивните иницијали.