Тајчи со шокантно признание: Бев сексуално злоставувана како тинејџерка

Добивај вести на Viber

Низ животот се носев со некои навистина тешки предизвици: го изгубив сопругот и татко ми поради ракот, со години се борев со депресија и тешкотии- раскажува Тајчи

Големата поп ѕвезда од 90-тите години, 48-годишната Татјана Камерон Тајчи, откри детали од својот приватен живот, односно дека била сексуално злоставувана.

- Како мајка на три сина и креативен претприемач, секојдневно се носам со многу стрес. Низ животот се носев со некои навистина тешки предизвици: го изгубив сопругот и татко ми поради ракот, со години се борев со депресија и тешкотии, како тинејџерка доживеав и сексуално слоставување и се борев повторно да се засакам себеси и да си ја вратам самодовербата- раскажува Тајчи.

Фото: Јосип Реговиќ/ Пиксел

Пејачката која ја претставуваше Југославија на Евровизија, далечната 1990-та година со хитот „Хајде да лудујемо ове ночи“, од минатата година започна свој бизнис со летувања наречени „Retreat&Sea Cruise”. На јахтата MS Paradise, луѓето заедно медитираат, шетаат низ Хрватска и се опуштаат со гитара. За ваквите крстарења, Тајчи вели дека посетеноста е одлична и луѓето може веќе да се пријавуваат за наредната година.