Моден фокус // Коса
Тајната на фризурата на принцезата Дијана
Слатката насмевка, рубинските образи и фустаните, на овие работи најчесто се сеќаваме кога го слушаме името на принцезата Дијана.
Кратката фризура е уште една карактеристика за неа.
Ричард Далтон, личен фризер на Дијана вели дека нејзината фризура предизвикуваше медиумско внимание.
Сепак, Дијана редовно ја потстрижувала својата коса.
„Што и да правам со нејзината коса се претвори во вест од првата страница"- вели фризерот.
Тој се трудел понатаму сосема малку да ја крати нејзината коса на неколку недели за да нема забележителни промени.