Тајната на кошулата која чини 1.350 долари и повеќе не се продава: Колинда Грабар Китаровиќ секој ден воодушевува во Катар
Поранешната хрватска претседателка не престанува да привлекува внимание на трибините на стадионот во Катар
Колинда Грабар Китаровиќ најпрво го привлече вниманието појавувајќи се во народна носија на мечот Канада-Хрватска, а во таа прилика јавно му порача на канадскиот премиер дека ѝ е жал што не гледале заедно.
Овој пат поранешната претседателка на Хрватска повторно имаше многу интересен и инспиративен стајлинг кој на многумина им падна во очи. Сега на мечот меѓу Бразил и Швајцарија носеше машка кошула од Луј Витон.
Моделот е од минатогодишната колекција, а го дизајнираше Вирџил Абло, кој почина минатата година. Инаку, Абло беше голем обожавател на дресот на Хрватска, па оваа кошула неодоливо потсетува на дресот со оглед на тоа што има црвено-бели квадрати на него.
- Во спомен на легендарниот дизајнер Вирџил Абло, голем вљубеник во #Хрватска и #Ватрените, кој почина на денешен ден пред точно една година, ја облеков неговата кошула, инспирирана од хрватските квадратчиња. Му благодарам на овој прекрасен подарок – напиша таа под објавата.
Колинда кошулата ја усогласи со бели панталони, а патем, цената на ова парче е околу 1.350 долари, иако повеќе не е достапно на официјалната веб-страница.
Извор: glossy.espreso.co.rs