Татко ми Арсен самиот реши да го заврши животот: Интервју со хрватскиот музичар Матија Дедиќ

Добивај вести на Viber

Интересен соговорник е хватскиот џез пијанист и композитор Матија Дедиќ, син на легендарните музичари Арсен Дедиќ и Габи Новак. Со својот колега Зоран Предин, го разнежија целиот регион со албите „Трагови у сјети“ 1 и 2, преработки на најголемите хитови на Бијело Дугме, Здравко Чолиќ, Оливер Драгојевиќ, Јосипа Лисац, како и песни на таткото на Матија, Арсен, кој почина во 2015 година.

Матија Дедиќ свири клавир од својата петта година. Со џез музика, место со класична решил да се занимава во 1991 година, кога запишал џез академија во Грац. И со своето трио, соло, и со познати џез музичари има свирено во речиси сите европски земји и ги има добиено најпрестижните музички награди, од кои 25 се наградите „Порин“. Дел од неговиот репертоар се и песните на татко му, за кој во интервјуто за Женски Магазин со емоции зборува, но и за неговата мајка Габи, нарелувајќи ја жена со многу сила. Матија е татко на 15 годишната Лу, и сопруг на Марина. 

* Како вие интимно ги доживувате албумите „Трагови у сјети“ и соработката со Зоран Предин и кои преработки од тие албум ви се најдраги?

- Повикот да соработувам со Зоран Предин пред 7-8 години, беше еден од многу битните моменти кои ми се случија во професионалниот живот. Освен песните на татко ми, Арсен, многу ги сакам и песните на Предин. 

* Кога одлучивте дека ќе настане албумот „Матија свира Арсена“, за која добивте две престижни музички награди „Порин“? 

- Се одлучив само една ноќ пред терминот во салата во која ги снимав соло импровизациите за соработници од Италија. Решив да го искористам остатокот од времето во истиот термин, и во еден здив ја отсвирев музиката на Арсен. 

* Има ли песна од вашиот татко за која можете да кажете дека го одбележала вашето детство? 

-  За мене е многу поважна неговата музика за филм. 

* Кој е највредниот совет кој сте го добиле од Арсен и што најмногу од него ви недостига? 

- Ме советуваше дека само работата може да ме спаси. Арсен, како лик и појава не само што ни недостасува на нас, туку и на уште многу луѓе. 

* Како е вашата мајка, Габи, по смртта на татко ви, пее ли сè уште макар и за своја душа?

- Мојата мајка е неуништлива и прекрасно пее. Таа е жена со многу сила. 

* Изјавивте дека вашата ќерка Лу е многу слична со дедо и. Кои сличности ги препознавате и дали музиката ќе стане и нејзина професија?

 - Лав е хороскопскиот знак и на Лу и на Арсен. Тие двајца беа специфично поврзани. Многу ми е жал што татко ми не беше со нас барем уште неколку години. Му беше доста и самиот се реши да ја приведе својата приказна кон крајот, како што тој сакаше да каже. Лу доста ја наследи музикалноста. Заврши нижо музичко училиште, и сега самата свири и вежба. Понекогаш ќе ја наговарам да испее некоја реклама, за џепарлак.

Матија со сопругата Марина и со ќерката Лу 

 Женски Магазин - Кога решивте дека место со класична, ќе се занимавате со џез?  

- Решив во оној момент кога за прв пат го слушав американскиот пијанист и композитор Кит Џарет.

*  Како вашите родители реагираа на таа ваша одлука? 

- Арсен не беше најсреќен во моментот кога тоа му го соопштив. Габи беше за тоа да одам на студии во Грац. По една година, татко ми сфати дека во импровизираната музика навистина се вљубив и дека работам како фанатик. Се разбира, нему тој жанр, никогаш не му бил нешто што многу го интересирало во животот. Можеби, кога бил помлад бил доста поврзан со џезот. Тој се држеше до своите убедувања и закони. Јасна мелодија и јасна форма. Текстовите ги пишуваше неверојатно и многу лесно. Дипломирал флејта. 

* По студиите во Австрија, зошто се решивте да ја градите кариерата во Хрватска и во регионот, а не надвор? 

- Затоа што во тоа време, во Хрватска владееше благосостојба. 

* Кој е најголемиот успех во вашата кариера?

- За свој најголем успех ги сметам позитивните критики за својата работа од целиот свет? 

* Имате ли некоја неостварена амбиција и желба, професионално и приватно? 

- Мојата желба е прво да бидеме здрави среќни. Со тоа полесно доаѓаат и нови идеи во музиката. 

Милица Џаровска