Тамара Тодевска: Сите имаме иста цел, заеднички да го победиме коронавирусот

Добивај вести на Viber

Овие денови, денови на искушенија и страв, на исчекување, на конечен крај на пандемијата од чумата, секој е изолиран дома и секој се надева на добри вести. Нашата поп дива Тамара Тодевска со семејството е во Гевгелија и ужива во секој миг помнат со своите најмили.Се обидува да не се фокусира толку на негативните работи, туку на она што е навистина важно - семејството.

- Најлесно е да се паничи во моментов, но каде ќе не‘ однесе тоа? Дали ќе промени нешто? НЕ! Во моментов најважно е да покажеме грижа за сите околу нас, а тоа можеме да го направиме само седејќи дома и почитувајќи ги препораките. Убедена сум дека ова ќе помине и дека сите ќе излеземе посилни од ова- вели Тамара

Светот се промени во време на пандемијата. Свеста почна да работи, не само во поглед на коронавирусот и неговата сила, туку и во меѓучовечките односи. Како никогаш до сега, барем во последниве 30 години, треба да бидеме сплотени и да го уништиме невидливиот непријател.

- На еден начин, сега конечно сите сме едно и сите имаме иста цел - заеднички да го победиме коронавирусот. Овој период ми овозможи да го согледам светот на поинаков начин, верувам, како и на сите други. Мислам дека после ова сите ќе имаме поинакви перспективи на животот и конечно сите ќе сфатиме што навистина е важно во животот.

Изолацијата трае подолго време во нашата земја. Секој на некаков начин успева дома да ја разбие монотонијата, да биде дициплиниран и да се однесува совесно со препораките од Владата. И Тодевска дома се обидува да ги анимира своите деца.

- Цел ден смислуваме активности за Хана и Дарен. Добро е што имаме двор тука па може и надвор да си играме. Не знам што ми стана, ама почнав и баш онака мераклиски да си готвам.

Во моментов се подготвувам и за онлајн мини концерт на евровизскиот Ју Тјуб канал, а и правам финална селекција на песните за мојот нов албум- додава Тамара.

Небојша Толески