Танева-Новаковска, „Жито пром“: Заокружениот процес на производство и љубовта кон работата е тајната на 4U кроасаните

Добивај вести на Viber

Интервју со Татјана Танева - Новаковска, „Жито пром“

„Жито пром“ е семејна компанија од Гевгелија со речиси 25-годишна традиција. На македонскиот, но и на над 20 странски пазари се препознатливи по брендот кроасани 4U, кои се одликуваат со специфичен вкус и квалитет. За квасецот - мајка, постар од повеќе од 100 години, од кој се произведува тестото за кроасаните, како и за целосното заокружување на производствениот процес, разговаравме со Татјана Танева - Новаковска, претставник на втората генерација во семејството кои стои зад брендот 4U.

Она што е специфично за 4U кроасаните е самото тесто кое се подготвува со природен квасец - мајка. Мајката е стара повеќе од 100 години и кај нас е донесена од Италија. Која е всушност приказната за квасецот-мајка?

Танева - Новаковска: Тие што имаат искуство со sourdough или кисело тесто подготвено со стартер култура стануваат прилично опседнати со неговата приказна. Работата со sourdough е еднаквa на грижа за живо битие. Тоа значи влегување во еден комплексен процес, од негово приготвување, одржување и користење, се со цел на крај да се добие производ со лесна лисната текстура, прекрасен вкус и пријатен мирис. Интересот за производи направени со овој тип квасец расте постојано во последните неколку години, бидејќи се повеќе студии укажуваат на бенефитите од користењето кисело тесто. Производите приготвени со природен квасец, поради долгата ферментација, содржат „добри бактерии“ кои помагаат во зачувување на хранливите материи на пекарските производи. Киселото тесто има пробиотски и пребиотски карактеристики поради количината на растителните влакна, со што придонесува за подобра дигестија. 

Секој купувач го цени производот кој е доследен на вкусот и квалитетот што е всушност една од препознатливите карактеристики на 4U кроасаните. Како успевате да го постигнете ова? По што е специфично самото производстство на кроасаните? Дали можеби тајната е и во брашното кое самите го произведувате?

Танева - Новаковска: Изборот на соодветни состојки е од суштинско значење за добивање квалитетен производ. Секако, особено важно е овие состојки да го имаат истиот квалитет во континуитет и токму тоа е клучот на долгорочниот успех. Брашното е основната состојка за вкусен и квалитетен пекарски производ. Тоа што го произведуваме сами, нѝ помага за целосна контрола на процесот, од избор на високо квалитетна пченица, потоа нејзино снабдување и преработка, па се до користење на брашното во процесот на производство на кроасаните. Покрај брашното, и полнежот на кроасаните е тоа што го прави квалитетот целосен. Од годинава започнавме со сопствено производство на полнеж, и со тоа го целосно го заокруживме процесот на контрола на најважните состојки за еден вкусен кроасан. 

По што се разликуваат 4U кроасаните од останатите на пазарот? Што ги прави различни и посебни?

Танева - Новаковска: Првите две прашања ги сумираат предностите на нашите производи кои ги издвојуваат од останатите на пазарот и пошироко. Користењето кисело тесто во производството со цел добивање лиснат, мек, ароматичен и вкусен кроасан; сопствено производство на најважните состојки во кроасанот и одличен тим на вработени кои со години посветено работат во Жито Пром. Овие карактеристики го прават брендот препознатлив не само локално, туку и пошироко. Најдобар индикатор за тоа е што нашите кроасани се препознаени од купувачите, како и успешната долгогодишна соработка со партнери од повеќе од 20 држави низ целиот свет. 

„Жито пром“ која ги произведува 4U кроасаните е семејна компанија и во моментов ја раководи втората генерација на фамилијата. Вие сте претставничка на оваа помлада генерација. Кој ви е најголемиот личен и професионален предизвик, што се стремите да постигнете?

Танева - Новаковска: Растењето во претприемачка фамилија придонесува за градење компетитивен дух уште од многу рани години. Амбицијата организацијата да продолжи да расте и да се развива е најголемиот предизвик за втората генерација во нашиот семеен бизнис. Најважната алатка во обезбедување ваков успешен континуитет е само преку негување на мултигенерациски дух кој се заснова на взаемна поддршка, споделување искуство, отвореност за нови идеи и технологии и прифаќање дека некогаш размислувањата може да не се поклопуваат. Мојата најголема мотивација доаѓа токму од тоа дека првата генерација несебично и посветено не поддржува во овој процес. 

ПР Објава