Тања Савиќ се расплака пред камерите: Со солзи кажа кој е човекот што го сакала најмногу

Пејачката Тања Савиќ гостувајќи во емисијата „Амиџи шоу“ проговори за приватниот живот.

Таа не можела да ги сокрие емоциите, и открила детали од приватниот живот, па се расплакала пред камерите.

- Именувај го партнерот што најмногу го сакаше - гласеше прашањето, поради кое Тања се расплакала:

- Тоа е малку тажен одговор, но добро. Немам проблем да кажам. Душан, мојот поранешен сопруг - рече таа, па плачејќи го напушти шоуто, а потоа се врати и ги раскажа деталите:

- Не сум ги видела децата веќе една година. Некој да им ги земе децата на нивната мајка, тоа е најлошото нешто. Судењето треба да започне на 12 март. Хормоните ме надвладеаа. Добро сум, ги носам деца во душата. Судската наредба сега постои дека во одредено време децата треба да разговараат со мене на телефон. Душан мора да го почитува тоа. Ги предадов сите документи. Се надевам дека сè ќе биде во моја корист.

- Тој избега. Никогаш не би ги пуштила децата да си одат. Никогаш не би го дозволила тоа. Тој го фати првиот авион и избега. Тој го фалсификуваше мојот потпис. Тој имаше девојка, наша куќна пријателка , која потпиша место мене, го сфатив тоа веднаш. Двете имаме многу сличен ракопис. Децата треба да бидат со мене - додаде таа во емисијата „Амиџи шоу“.
Веќе бев бремена. Намерно ми направи уште едно дете: Тања Савиќ откри сè што криела од јавноста со години


Извор: Информер.рс

Фото: printscreen RTV Pink

Може да ве интересира: