Животна училница // Приказни
Татко ѝ е само две години постар од Трамп: Кои се родителите на Меланија?
- 02 Октомври, 2018
Родителите на Меланија Трамп, словенечката двојка Амалија и Виктор Кнавс, во август годинава станаа и официјално државјани на САД.
Виктор Кнавс (74), таткото на Меланија е поранешен бизнисмен, продавач на автомобили и е само две години постар од својот зет. Нејзината мајка Амалија работела во текстилна фабрика и е особено блиска со Првата дама на САД.
Меланија (48) е родена во Ново Место во Словенија. За американскиот претседател Доналд Трамп се омажи во 2005 година, а американско државјанство доби следната година.