Татко му го украл од породилиштето за да го спаси од смртта: Шокантни детали од животот на Хари Мата Хари

Пејачот Хари Варешановиќ, попознат како Хари Мата Хари, ретко го открива својот приватен живот. Сепак, еднаш за медиумите реши да си ја отвори душата и по тој повод откри малку познати детали за неговото минато.

Хари тогаш рекол дека самиот почеток на неговиот живот бил интересен бидејќи татко му го украл од болница кога се родил.

- Во Сараево таа година зимата била исклучително студена. Новородените деца почнале масовно да умираат бидејќи немало греење во болницата. Татко ми ѝ донел на мајка ми портокали, а мене буквално ме ставил во торба и ме однел во страв дека ќе умрам од студот. Пристигнав на овој свет на интересен начин во топол дом – изјави Хари за Курир минатата година.


Пејачот не сака да зборува за приватниот живот, но откри дека зад себе има два брака и три деца:

- Не сакам да зборувам за мојот приватен живот. Имам два брака зад мене и три деца: Дамир, Мак и Надја. Од ќерка ми имам две внучиња - Ишак и Кан. Тоа е нашиот состав. Сега на оваа возраст внуците будат се‘ во мене. Речиси немав време за моите деца... Бев на турнеи, патував, бркав работа и кариера - а потоа твоите внуци те чекаат кога си сериозен. Тогаш имате време само за нив и ја откривате љубовта. Среќен сум што моите деца не се занимаваат со музика. Ако не се хиперталентирани и ако не сакаат, како што не сакаа, тогаш е во ред. Тоа беше нивен избор. Синовите се информатичари, а Надја е докторка - рече Хари во таа прилика.


Фото насловна: Youtube -screenshoot

Видео: Youtube

Имаше љубовница додека беше во брак со првата жена, а трета му роди вонбрачно дете: Љубовниот живот на Хари Мата Хари