Тато го промени светот: Емотивно видео од ќерката на Џорџ Флојд

Ќеркичката на починтиот Џорџ Флојд извикува: Тато го промени светот!

Покојниот Џорџ Флојд беше татко на шестгодишно девојче, Џијана. Нејзината мајка Рокси Вашингтон, партнерка на Флојд, вчера одржа прес-конференција каде ја отвори душата. Ќеркичката Џиџи беше со неа.

"На крајот на денот, сите се враќаат кај своите семејства. Џијана повеќе нема татко. Никогаш нема да ја види како расте, оди на матурска. Никогаш нема да ја однесе до олтарот. Ако има проблем, нема татко на кого може да му се обрати." Вашингтон го започна својот говор пред новинарите. Плачеше, со ќерката покрај неа.

„Овде сум за моето дете и овде сум за Џорџ, бидејќи сакам правда за него - рече партнерката на починатиот Џорџ Флојд, Рокси.


Флојд беше задушен од страна на полицаецот Шовин, кој го притискаше со коленото на вратот, додека Флојд извикуваше „Не можам да дишам“, неговото убиство е документирано од случајни минувачи и вознемирувачкото видео и настан, предизвика огромни немири во САД. 

Поицаецот од Минеаполис беше отпуштен, уапсен и обвинет за несовесно убиство, додека тројца негови колеги, кои го апсеа Флојд, исто така беа отпуштени од полицијата. Семејството на Флојд бара посериозно обвинение за Шовин.

По убиството на Афро - американецот Џорџ Флојд во Минеаполис, протести и немири беснеат во САД.