Тажен крај на приказната која го обиколи светот: Ѝ свиреше на хармоника, но не успеа да ја спаси

фотографија: FACEBOOK/VALERIO MARANGON

Светот беше трогнат од видеото на кое дедо ѝ свири на хармоника на неговата сопруга, под прозорецот на болницата, а оваа приказна доби тажен крај...

Пред неколку дена, видеото од Стефан Бочини (81) од Италија го обиколија целиот свет, откако минувачите го снимија како ѝ свири на хармоника на неговата сопруга Карла.

Жената со која дедо Стефан беше во брак 47 години беше примена во болница, а тој не можеше да ја посети поради строгите правила што важат заради пандемијата. Затоа реши да ѝ соопшти на сопругата дека е со неа, дека ја поддржува и сака, па донесе столче, седна под прозорецот на болницата и свиреше за неа.


Оваа сцена ја забележале случајните минувачи, па видеото се рашири како пожар на социјалните мрежи, а дедо Стефан ги собра сите пофалби и ја врати вербата на многумина во вистинска љубов, која трае со години.

Но, за жал, оваа приказна доби тажен крај. Неговата сопруга Карла беше пуштена од болницата пред неколку дена, но кратко после тоа почина во својот дом.

Градоначалничката на Пијаченца, Патриша Барбиери по тој повод рече дека коронавирусот ја прекина нивната прегратка.

„Во таа серенада, ние ја препознавме љубовта, во едноставноста и непосредноста на нејзиниот универзален јазик“, напиша таа на Фејсбук.

извор:mondo.rs